Претсесателот на здружение на пензионери Куманово, му посака успех на Димитриевски на престојните избори

Сподели со своите пријатели

Се чувствувам убаво кога го гледам тој ентузијазам на оваа генерација на луѓе. Им посакувам успех на сите спортисти, а секако општина Куманово и јас како градоначалник ќе продолжиме да соработуваме со овие здруженија коишто се едни од најорганизираните здруженија во нашата општина. Горди сме на нашите родители, дедовци и баби, коишто и на тие години во една поодмината возраст даваат една ваква активност, а гледам и дека тие луѓе се во една одлична физичка кондиција без разлика што се пензионери и можат да покажат врвни спортски резултати, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски обраќајќи се на традиционалните регионални спортски натпревари кои денеска се одржаа во Куманово, во организација на Сојуз на здружение на пензионери на Македонија.

Loading...

На натпреварите учествуваа членови на Здруженија на пензионери од: Пробиштип, Кратово, Злетово, Крива Паланка и Куманово, кој е овогодинешен град домаќин.

Претседателот на здружение на пензионери Куманово, Благе Јакимовски му посака успех на Градоначалникот Димитриевски на претстојните локални избори и ја нагласи одличната соработка со општината. Тој потенцираше дека ова здружение е невладино и непартиско здружение кое во својот состав има пензионери од разни политички партии.

Јакимовски ја поздрави одлучноста на сите пензионери што се охрабрија да учествуваат во денешниот настан и покрај пандемијата со Ковид-19.

“Овие игри претставуваат еден мал дел од сите активности коишто ги имаат здруженијата на пензионерите, и на овој начин настојуваме да им овозможиме дружба, релаксирање и заедно со пензионерите од другите општини”, додаде тој.

Ментор Ќоку, Потпретседател на сојуз на здружение на пензионери Македонија истакна дека Здружението на пензионери Куманово е меѓу најстарите и најголемите здруженија на пензионери и брои над 15.000 членови.

Традиционалните регионални спортски натпревари се одржаа на реконструираното спортско игралиште во Соколана, Атлетска стаза и на игралиштето на ОСТУ “Наце Буѓони”, во спортските дисциплини: фрлање на ѓуле, скок во височина, шутирање на мали голови и на кош, атлетика на 60 м до и над 60 години.