Претседателот Пендаровски се вакцинираше во Куманово со „Синофарм“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово се факцинираше против коронавирусот со вакцината на кинескиот производител „Синофарм“.

Loading...

 

 

Целта на неговото вакцинираше надвор од Скопје, како што рече во изјавата за медиумите, доаѓа по одредени шпекулации дека вакцините кои се даваат во главниот град и во градовите од внатрешноста не се исти.

– Мислам дека е добро и за другите што се на функција да го прават истото. Јас сакам здравје Боже, втората доза да ја примам во некоја сосема трета општина и мислам дека тоа е добро да им покажеме на луѓето дека сите вакцини што доаѓаат во земјава се проверени, сите тие се ефикасни и не треба да имаат сомнеж, треба што побрзо да го направат тоа, тој чин затоа што гледате над година дена сме практично како во затвор и добро е што побрзо да се враќаме во нормала, рече претседателот.

 

Loading...

 

По возраст, како што рече претседателот, редот му бил претходно, но не сакал да оди пред граѓаните, во ситуација кога пред месец дена немаше доволно вакцини.

 

 

текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply