Претседателот го понуди сопствениот син во замена за заробеници

Сподели со своите пријатели

Вршителот на должноста премиер на Ерменија, Никол Пашинјан на митингот пред неговите приврзаници во градот Апаран изјави дека е подготвен да го понуди својот син во замена за ерменските затвореници што ги држи Азербејџан.

Loading...

„Официјално му реков на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев дека предлагам да го предадам мојот син во замена за сите ерменски затвореници“, рече тој, повикувајќи ги своите политички ривали да го сторат истото на претстојните избори.

Изјавата е одговор на политичкиот ривал, поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан, кој ја критикуваше изјавата на премиерот, велејќи дека размената на затвореници може да почека еден месец или два.

Ашот, синот на Пашињан, на својот Фејсбук профил објави дека е „подготвен да биде дел од размената на затвореници“.

Да потсетиме, Пашинијан во март објави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни.

Тој исто така изјави дека формално ќе поднесе оставка во април со цел да започне механизам за распуштање на парламентот, но дека ќе ја води владата до изборите.

Leave a Reply