Претрес во Куманово, пронајден хероин

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата во домот му пронашла хероин.

Loading...

– На 04.09.2023 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(43) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој го нападнал својот син