Пресметка на албанска мафија во Атина, двајца убиени во кафуле

Сподели со своите пријатели

Двајца мажи со албанско потекло се убиени во пукање во кафуле во Атина, а, според грчкиот весник „Катимерини“, нападот е поврзан со расчистување на сметки во шверц на дрога.

Loading...

Безбедносните камери го снимиле моментот кога маж отворил оган врз посетителите на кафуле на плоштадот Неа Смирни во Атина во неделата вечерта, а во овој напад еден маж загина, додека друг маж и една жена се пренесени од местото на настанот во болница со повреди, пренесува Катимерини кој дошол во посед на снимката.

Малку подоцна на повредите им подлегнал уште еден маж, а жената која седела на соседната маса и била погодена во нападот е во стабилна состојба, пишува грчкиот портал.

Според полициски извори, нешто по 21 часот и 30 минути, напаѓачот, кој носел хируршка маска, ненадејно се појавил пред кафулето и почнал да пука кон посетителите. Веднаш потоа побегнал.

На местото на настанот излегоа силни полициски сили, а поширокото подрачје беше блокирано.

Според информациите, двајцата убиени се на возраст од 44 и 42 години и се со албанско потекло.