Препорака за помалку работници во фабриките во Куманово или нивно затворање

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница донесе одлука да им препорача на економските оператори во Куманово да го редуцираат бројот на работници или да ги затворат погоните.

Loading...

Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

Согласно ова, со Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење во општина Куманово, им се препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на територијата на општина Куманово да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, имајќи ја предвид забраната за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз или целосно да ги затворат производствените и продажните капацитети.

Leave a Reply