Преговори меѓу Украина и Русија во лето?

Сподели со своите пријатели

Кремљ вчера соопшти дека напорите на Бразил да посредува во конфликтот во Украина „заслужуваат внимание“, но дека не видел никакви планови за мировен договор претставен од Франција.

Loading...

Блумберг објави дека францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да ја смени низата разочарувачки дипломатски офанзиви со презентирање на план на Кина за кој верува дека потенцијално може да доведе до преговори меѓу Русија и Украина.

Макрон го задолжи својот советник за надворешна политика, Емануел Боне, со највисокиот кинески дипломат Ванг Ји, да создаде рамка која би можела да биде основа за идните преговори, пишува Блумберг.

Француската стратегија предвидува преговорите да се случат летово доколку се биде во ред, изјавија за Блумберг запознаени со плановите под услов да останат анонимни.

Не е познато дали планот на Макрон ја има поддршката на Украина и нејзините сојузници, од кои многумина ги отфрлија предлозите за прекин на огнот што би и овозможиле на Русија да ги задржи териториите што ги освоила.

За време на неговата посета на Кина, Макрон не успеа да го убеди кинескиот претседател Си Џинпинг да разговара со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Не е познато дали Макрон има поддршка за неговиот план од Украина и нејзините сојузници, од кои многумина ги отфрлија предлозите за прекин на огнот што ќе и овозможат на Русија да ги задржи териториите што ги освои.

Многу земји, исто така, се сомневаат дека Кина може да биде неутрален посредник со оглед на нејзиното „неограничено пријателство“ со Русија.

Loading...

Во меѓувреме, бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва во понеделникот привлече критики од САД за коментарот дека Западот го „охрабрува“ конфликтот со вооружување на Украина.

Тој рече дека Вашингтон треба да престане да испраќа оружје во Украина и да започне мировни преговори.

Лула предложил создавање на група земји кои не се вклучени во војната за да посредуваат во постигнувањето мир.

Тој рече дека за тоа разговарал со лидерите на Кина и Обединетите Арапски Емирати, пренесе Ројтерс.

Запрашан за предлогот на Лула, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите:

„Секоја идеја што ги зема предвид руските интереси заслужува внимание и дефинитивно треба да биде слушната“.

Неколку земји и светски лидери, вклучувајќи ги Си, Макрон и турскиот претседател Таип Ердоган, се обидоа да се позиционираат како можни миротворци.

Путин вчера го посети штабот на армиската група „Днепар“ во регионот Херсон

Русија вели дека е отворена за разговори, но јасно стави до знаење дека тие можат да се одржат само според нејзините услови.

Loading...

Таа рече дека Украина мора да ги прифати „новите реалности“ на теренот – особено нејзината анексија на украински територии, што Киев и Западот го отфрлаат како незаконски.

Украина е категорична дека нема да разговара за мир или прекин на огнот додека руските трупи не ја напуштат секоја педа од меѓународно признатата територија на Украина.

Кремљ објави дека ги видел извештаите, но дека не е во контакт со Франција во врска со мировниот план.

„Не знаеме дека има некаков француски план, не сме добиле ништо од француската страна“, изјави Песков.

Преголеми се очекувањата од пролетната офанзива

Било какви преговори би зависеле од неколку услови, вклучително и успешна украинска пролетна офанзива која би ја зајакнала позицијата на Киев за време на разговорите, пишува Блумберг.

Некои европски функционери се загрижени дека има опасно високи очекувања за каква било украинска контраофанзива, која можеби нема да биде доволно успешна за да Киев ја ослободи целата територија окупирана од Русија.

Пореална цел е 30-километарско напредување кон југ што би ја ставило украинската артилерија во дометот на руските линии за снабдување и ќе создаде услови за подлабок пробив во 2024 година, објави Блумберг.

Ова, според американската агенција, значи дека сојузниците на Украина треба да ја зголемат поддршката и да овозможат идните офанзиви да вратат што поголем дел од окупираната територија.

Loading...

Макрон претходно изјави дека Кина треба да игра значајна улога и дека благодарение на односите со Русија може да ја „вразуми“ Москва.

Досега, Пекинг не посочи дека е подготвен да изврши притисок врз Москва да ги повлече своите војници.

Врвните дипломати од земјите од Групата седум, вклучително и Франција, оваа недела ја прифатија „мировната формула“ на Зеленски, која вклучува целосно повлекување на руските трупи од украинска територија.

Киев постојано повторува дека територијалните отстапки не се преговараат и дека неколку сојузници на Украина ја поддржуваат таа позиција, предупредувајќи дека каков било договор што ефективно ќе ја замрзне војната веројатно ќе и овозможи на Русија повторно да се вооружи и да започне нова офанзива.

Рускиот претседател Владимир Путин досега не покажа дека неговите цели се сменети, а камоли дека е подготвен да ги повлече војниците од украинска територија.

Блумберг пишува, повикувајќи се на упатени извори, дека планот на Макрон ќе се потпира на долгорочни безбедносни гаранции за Украина кои ќе имаат за цел да ја одвратат Русија од идна агресија.

Loading...

Сојузниците сè уште не ги детализирале мерките што треба да се договорат на самитот на лидерите на НАТО во Литванија во јули, но тие ќе имаат за цел да и помогнат на Украина да ги модернизира своите вооружени сили и да стане поинтероперабилна со армиите на НАТО.

Паралелно, сојузниците на Украина, исто така, работат на начини за одржување на тековните набавки на оружје и клучни залихи како муниција од 155 милиметри.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.