Правото на чиста животна средина е основно човеково право, одлучија ОН

Сподели со своите пријатели

Советот за човекови права на Обединетите нации денеска гласаше за признавање на правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина како човеково право.

Loading...

Гласовите 43 наспроти  нула го усвоија резолуција за чиста животна средина, во која исто така беа повикани државите да ги зголемат напорите за подобрување на животната средина, додека четири држави – членки – Кина, Индија, Јапонија и Русија се воздржаа.

Втората резолуција, која беше изгласана 42: 1, воспостави „специјален известувач“, кој меѓу другото ќе следи „како штетните ефекти од климатските промени, вклучително и ненадејните катастрофи, влијаат на целосното и ефективно уживање на човековите права“.

Русија беше против оваа резолуција, а Кина, Еритреја, Индија и Јапонија беа воздржани.

На дводневната седница на Советот, која брои 47 членови, беше изгласан известувачот за човекови права во Авганистан, одлука против која гласаше Пакистан.