Познати добитниците на Ноемвриската награда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шест физички и едно правно лице се добитници на Ноемвриската награда, највисоко признание кое Општина Куманово го доделува по повот Денот на ослободувањето.

В недела на свечната седница ќе бидат доделени седумте награди, по 37 апликации кои пристигнале на отворениот конкурс од страна на Општина Куманово.

Добитници се:

Борис Секирарски – за постигнати успеси во областа на метеорологијата кои се верифицирани од стручни лица од светски ранг за што има добиено многубројни награди и признанија во држава и во странство, а особено за неговите иновациски откритија во оваа област.

Марјан Стошевски доглогодишен спортски новинар и директор на регионалната „К3 телевизија“ за придонесот за афирмација на спортот во нашиот град, а особено неговиот историски документарен филм за спортската сала Соколана.

Страхил Петровски, академски сликар, вработен во Националниот конзерваторски центар Скопје, за неговите постигнување во областа на современата ликовна уметност, за што сведочат и добиените награди и признанија на многубројните изложби во државата и во странство.

Горан Илиќ, актер вработен во Театар Куманово за неговото долгогодишно работење, преку бројни актерски улоги на матичната сцена и на сцените низ државата и во странство при што има добиени и многубројни награди на некои од најпрестижните фестивали, а кој воедно е и еден од основоположниците на фестивалот „Денови на комедија“.

Реџеп Реџеповски, професионален боксер и тренер за постигнатите резултати во боксот и претставување и афирмација на градот и државата на многубројните спортски натпревари на кои што тој и боксерите чијшто е тренер имаат освоено највисоки медали

Фадиљ Маличи, лекар специјалист, началник на работната единица уво, нос и грло при Општа болница Куманово, за неговиот придонес и особен ангажман во здравствената дејност, за што сведочат и добиените пофалници и благодарници.

– Ноемвриската награда на Општина Куманово за 2018 во вид на диплома се доделува и на правното лице „Кланица БДА Компани“, еден од најреномираните стопански субјекти во градот и државата за долгогодишно успешно работење во областа на месната индустрија, преку производството и пласирање на свежо месо и преработки на месо и месни производи со врвен квалитет почитувајќи ги сите професионални стандарди, а кое истовремено врши и испитување на квалитетот на храната со најсовремени методи во првата приватна акрдитирана лабораторија за микробиологија и паразитологија во градот и пошироко кое оваа година во Куманово го отвори овој стопански субјект, изјави Сашо Милковски, претседател на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија.

Loading...

Паричната награда во износ од 100.000 денари ќе биде поделена на еднакви делови на шесте физички лица, а правното лице ќе добие диплома. Ноемвриската награда на добитниците ќе им биде врачена на свечена седница по повод  празникот  – 11 Ноември.

Leave a Reply