Позната излезноста во Куманово до 18:30 часот

Сподели со своите пријатели

Заклучно 18:30 часот во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 47,58% од гласачите, односно 20.400 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Податоците се базираат на обработени само 34,13 отсто од избирачките места, односно 57 места.

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани.

Никола Ивановски