Познат белоруски активист пронајден мртов во Киев

Сподели со своите пријатели

Лидерот на организацијата која им помага на Белорусите да избегаат во странство, во вторникот беше пронајден мртов во близина на неговиот дом во Киев.

Loading...

Телото на Виталиј Шишов, менаџерот на Белоруската куќа во Киев, било пронајдено обесено во паркот еден ден откако не се вратил од трчање, а украинската полиција започна истрага поради сомневање дека се работи за убиство.

Истражителите ќе утврдат дали Шишов е убиен и дали неговата смрт е наместена да изгледа како самоубиство.

Исчезнувањето на Шишов го пријавила неговата девојка бидејќи во понеделникот не се вратил од трчање, пренесува Ројтерс.

Многу Белоруси ја напуштаат земјата поради насилните судири меѓу режимот на Александар Лукашенко и политичките противници.

Тие обично бегаат во Украина, Полска и Литванија со цел да избегнат прогон што започна по спорните претседателски избори во Белорусија во август минатата година.

Пријателите на Виталиј Шишов велат дека некој го демнел во последно време, напиша белорускиот новинар Тадеуш Гизкан на Твитер во понеделникот.

Белоруската куќа во Украина обезбедува поддршка за новодојденците во наоѓање сместување, работа и дава правни совети, според нивната веб – страница.

Loading...

Исчезнувањето на Шишов беше објавено истиот ден кога белоруската атлетичарка која настапи на Олимписките игри во Токио доби хуманитарна виза за Полска, откако таа одби да патува дома предвреме со својот тим.

Дваесет и четиригодишната спринтерка Кристина Тимановскаја рече дека била насилно однесена на аеродром бидејќи претходно ги критикувала своите тренери и изразила страв за сопствената безбедност.

Претходно оваа година, меѓународната заедница негодуваше поради притворот на опозицискиот белоруски новинар Роман Проташевич и неговата девојка, бидејќи авионот на „Рајанер“ со кој патуваа беше пренасочен.

Leave a Reply