Позначителен пораст на температурите од недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент осум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи.

Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply