Пожарникарите вчера во два наврати гаснеле запалена сува трева

Сподели со своите пријатели

Два пати во текот на вчерашниот ден на две различни локации припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово, гаснеле запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција ја бележат во период од 14:15 до 15:30 часот во атарот на селото Романовце каде горела запалена сува трева. Интервенцијата успешно ја завршиле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Неколку минути подоцна ја бележат и втората интервенција исто така на запалена сува трева, но овој пат во населбата Перо Чичо. Интервенцијата траела од 15:55 до 17:10 во која учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Засега нема активни пожари на територијата на Општина Куманово, но се апелира граѓаните да не палат огин на отворено, да не палат стрништа, но и да внимаваат каде ги фрлаат отпушоците од цигари.

фото: архива

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...