Пожар во куќа и магацин на две одделни локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари гаселе пожар на два објекти изминатово деноноќие соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Вчера во ноќните часови гореле куќа и магацин на две одделни локации.

Loading...

Територијалната противпожарна единица интервенирала од 21:10 до 22:40 часот во Долно Којнаре и гасела пожар во магацин со едно возило и пет пожарникари

Втората интервенција била на улицата „Романовска. Пожарникарите интервенирале на пожар на куќа час и половина во периодот од 22:40 до 00:15 часот со едно противпожарно возило и петмина пожарникари.

МИА