Пожар во хотел во Москва, има загинати

Сподели со своите пријатели

Шест лица загинаа, меѓу кои две деца, во пожар во катна зграда во центарот на Москва, соопшти доцна во вторникот руското Министерство за вонредни ситуации.

Loading...

Девет лица се повредени во пожарот, а 200 се евакуирани од зградата во која се наоѓа хотелот, објави Министерството на платформата за пораки Телеграм.

Пожарот бил изгаснат нешто пред полноќ по московско време, а била извршена проверка на секоја соба.

Рускиот истражен комитет на Телеграм објави дека покренал кривична постапка за причините за пожарот што избувна на петтиот кат од зградата.

Руската новинска агенција ТАСС објави, цитирајќи неименуван претставник на службата за итни случаи, дека прелиминарната причина е подметнување пожар.