Пожар проголта куќа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куќа лоцирана на улицата „Јоско Илиевски“ викендов изгоре во пожар, ингормираат урвината од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот бил пријавен во 13:30 часот во Територијалната противпожарна единица Куманово, од каде со едно возило четворица пожарникари интервенирале до 14:15 часот кога и го локализирале пожарот.

Според РЦУК причините за избувнување на пожарот не се познати, а материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Leave a Reply