Повеќе локации денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Во периодот  08:30 до 15:00 часот без електрична енергија во текот на денот ќе бидат сета Табановце, Воиновиќ и Сопот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во електро дистрибуцијата ќе има и на дел од улиците „Максим Горки“, „Бајрам Шабани“ и „Есперанто“ и тоа во период од 10:30 до 15:00 часот.

Прекини се најавени и за урешниот ден, кога од 08:30 до 15:00 часот електрична енергија ќе немаат селата: Пелинце, Челопек, Никуљане, Четирце, Карабичане, Алгуња, Малотино, Коинце, Враготурци и Граничен премин Пелинце.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Leave a Reply