Потврден третиот случај во Куманово, вкупно 136 заболени во државата

Сподели со своите пријатели

Куманово има три потврдени слуачи на коронавирус, од кои еден е веќе починатата 57-годишна кумановка.

Loading...

Со ова Министерството за здравство дури денеска ја потврди информацијата која вчера со јавноста ја сподели градоначалникот Максим Димитриевски, дека на подрачјето на Куманово има три случаи, меѓу кои еден со фатален исход.

Вкупно во државата се регистрирани 22 нови случаи изминатото деноноќие, со што бројката во државата достигна 136 заболени од Ковид-19.

Според Министерството за здравство по градови состојбата е следна:

– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје

– Дебар (40) – од кои 1 починат

– Штип (7)

– Куманово (3) – од кои 1 починат

Loading...

– Кавадарци (2)

– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид

– Гостивар (1).

За потсетување, во текот на ноќта Македонија ја доби и втората жртва од Ковид-19.

Leave a Reply