Потресната приказна на поп принцезата Бритни Спирс: „Не ми даваа да забременам, ми даваа лекови, сакам да бидам слободна и среќна“

Сподели со своите пријатели

Поп-ѕвездата Бритни Спирс (39) конечно доби можност да оди на суд поради случајот на старателство што нејзиниот татко Џејми го има над неа веќе 13 години.

Loading...

Таа му рече на судијата многу работи што се случиле за време на 13 годишниот притвор и истакна дека ја сака нејзината слобода. За време на испрашувањето, луѓето се собрале пред судот и ја поддржале пејачката.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Нејзината изјава траела 24 минути и за време на тоа таа даде многу шокантни детали.

„Тие го искористија мојот живот до крај, па мислам дека сите треба да го слушнат ова“, рече Бритни на почетокот.

Таа сака повторно да биде слободна жена, да управува со своите пари и живот. Таа не сака нејзиниот татко да го стори тоа, кога рече дека „100 проценти ужива во нејзината контрола“.

Loading...

– Сакам да се слушне мојот глас, да слушнат сите што ми прават. Моето семејство постојано дава интервјуа и ме прави глупава и луда- објасни таа.

– Му реков на целиот свет дека сум среќна, но тоа е лага. Не сум среќна. Не можам да спијам. Депресивна сум и плачам секој ден – рече таа.

 

 

– Главната причина зошто сум тука е тоа што сакам да го прекинам притворот без уцени – и таа се осврна и на пораката што ја сподели во средината на април, по емитувањето на документарецот „Framing Britney“, во кој ја увери јавноста дека таа била добро. За време на рочиштето за притвор, Бритни откри дека изјавата е целосна лажна.

– Сè што сакам е да поседувам свои пари и да заврши сето ова… и да ме вози мојот дечко. И искрено … Сакам да добијам шанса да го тужам моето семејство. Јас не направив ништо за да имам ваков третман. Не е во ред да ме присилуваат да направам нешто што не сакам да го сторам – рече Бритни.

Бритни исто така изјави дека сака да се омажи за своето момче и да роди дете, но тоа не и било дозволено. Таа го обвини својот татко дека ја спречил да ја отстрани спиралата за да може да забремени.

Loading...

 

 

Тие ја принудувале да зема литиум спротивно на нејзината волја.

– Може да станете психички оштетени ако го земате повеќе од пет месеци. Се чувствував пијано, не можев да разговарам со мајка ми или татко ми за ништо.

– Верувам дека ова старателство е злоупотреба и ги има многу. Не знаев дека можам да поднесам барање за престанок на старателството, жал ми е за моето незнаење. Досега не ми дозволија да имам свој адвокат. Јас ќе барам да се прекине старателството. Она низ што поминав е непријатно и деморализирачко и тоа е главната причина зошто не зборував отворено за тоа. Не мислев дека некој ќе ми верува – изјави поп-пејачка.

 

Loading...

 

Во последните неколку години Бритни не се појавува во јавноста, а фановите се загрижени за нејзиното психичко здрајве по многуте чудни објави на социјалните мрежи како и нејзиниот морничав и депресивен изглед.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Leave a Reply