Поскапуваат дел од нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Нафтените деривати од ноќеска ќе се продаваат по нови цени, дел од нив ќе поскапат, а дел ќе останат со непроменета цена.

Loading...

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика, за половина денар ќе поскапат бензините, а цената на дизелот ќе остане непроменета.

Новата цена на  „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 68 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 70 денари за литар.

Цената на дизелот ќе остане 62 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и ќе се продава по цена од 51 денар за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,004 денари на 33,344 денари за килограм.

Leave a Reply