Поскапеа бензините и дизелот

Сподели со своите пријатели

Од денес бензините и дизелот ќе се продаваат по повисока малопродажна цена за 1,5, односно 2 денари, откако така вчера одлуќи Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, Еуросупер од 95 октани од ноќеска на полноќ се точи за за 1,5 денари повисока цена и ќе се продава по цена од 63 денари, а Еуросупер од 98 октани, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денара. Новата цена на Еуросупер од 98 октани ќе изнесува 65 денари, а на „Еуродизелот“ 50 денари. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 38,5 денари.

Овие цени ќе важат во текот на следните две недели.