Посебен режим на „Доне Божинов“, возилата ќе минуваат низ импровизиран тунел

Сподели со своите пријатели

Во тек се подготвителни работи за имплементација на времениот режим на сообраќај на улица „Доне Божинов“ во Куманово. Согласно проектот ќе биде направен „тунел“ низ кој наизменично ќе минуваат моторните возила. Наизменичното движење на моторните возила ќе биде регулирано со семафори.

Loading...

– По завршувањето на подготвителните работи за имплементацијата на времениот режим ќе биде направен краток прекин на сообраќајот за монтирање на опремата. Прекинот ќе биде од безбедносни причини и во координација со сообраќајната полиција од СВР Куманово.  Со цел зголемување на нивото на безбедност на пешаците во тек е изработка на обезбедена патека за пешаци која ќе го заобиколи градилиштето и ќе обезбеди слободно и безбедно движење на релацијата без влегување во градилиште или минување низ „тунелот“ чија намена е само за движење на моторни возила, информира Мери Цакиќ од компанијата „Веибе“.

Планирано е времениот режим на сообраќај на улица „Доне Божинов“ да стапи во сила на 18.02.2019 година. Доколку поради технички причини или неповолни временски услови започнувањето биде во некој од наредните денови, благовремено ќе доставиме информација.


Leave a Reply