PornHub отстрани голем дел од содржините

Сподели со своите пријатели

PornHub отстрани голем дел од содржината што на платформата ја додавале од неверификувани корисници, а станува збор за неколку милиони снимки.

Loading...

Одлуката уследи откако Мастеркард и Виза ја повлекоа поддршката за платформата, поради проблематичните снимки што ја вознемирија јавноста.

Отсега, само проверените корисници ќе можат да поставуваат содржина на платформата, од која, меѓу другото, се бара да потврдат дека имаат полнолетна возраст.

Проблемот со проверка на корисникот не го решија големите социјални платформи како Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Јутјуб, Снепчат и Твитер, а Порнхаб беше принуден да се справи со овој проблем поради скандалот.

Досега се отстранети милиони видеа, а проблемот е во тоа што платформата работи како Јутјуб, така што корисниците можат да ги поставуваат своите видеа и да заработат пари од нив.

Таквата содржина претставува најголем дел од платформата, но тоа започна да се менува од моментот кога Виза и Мастеркард објавија истраги за наводна нелегална содржина на Порнхаб.

Leave a Reply