„Порака Наша“ со проект за безбедно користење на интернет

Сподели со своите пријатели
„Биди безбеден“ е насловен проектот кој го спроведува Здружението, Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша‘’ од Куманово со цел заштита на лицата со попреченост од злоупотреба на социјалните мрежи. „Порака Наша“  е партнер во проектот „Едукативна подршка на лицата со интелектуална попреченост кои биле подложни на интернет криминал и злоупотреба“ а носител  е полската асоцијација за лица со интелектуална попреченост (PSONI). Други партнери во проектот се Инклузија Европа (Inclusion Europe), Република Чешка (Inclusion Czech Republic), Политехничкиот институт од Сантарем, Португалија (Polytechnic Institute of Santarém).

„.Секако, постои ризик за сите, па и за нив, да станат жртви на интернет насилство. Проектот ќе овозможи  лицата со попреченост безбедно да ги користат социјалните мрежи. Дополнително, ќе биде изработен дигитален водич за полицијата, кој ќе им помогне во комуникација со лицата со интелектуална попреченост, на пример, во случај тој/таа да сака да покрене обвинение“-изјави Фросина Симоновска од „Порака Наша“.

Loading...

Во рамки на проектот планирани се состаноци со партнер организациите во сите земји учеснички и други активности. Прв чекор во реализирање на проектните активности ќе биде собирање на студии на случаи од страна на сите партнер организации кои ќе приберат реални животни примери од ситуации во кои лицата со интелектуална попреченост станале жртви на интернет насилство. Овие студии на случаи ќе бидат основа за развивање на тренинг материјали, кои ќе бидат реализирани во текот на проектот и ќе бидат остварени како проектни цели.

Исто така, за потребите на лицата со интелектуална попреченост ќе бидат изработени и верзии во лесно разбирлива форма, кои ќе им бидат достапни и ќе им бидат од помош на самите лица при справување во слични ситуации. Проектот е финансиран од Ерасмус+, Програма за образование на возрасни, КА2 Акција – Стрaтешко партнерство.

Leave a Reply