Поради високите температури „Чистота и зеленило“ го менува работното време

Сподели со своите пријатели

Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ за изнесување смет во Куманово го менуваат работното време.

Loading...

Како што информира директорот Даниел Стојчевски, промените се поради воведените препораки од Владата согласно портокаловата фаза за опасност од високи температури.

Според Стојчевски, сметот ќе се изнесува во три смени, првата ќе почнува од шест часот наутро, а втората од 17 часот, наместо како досега од 13:00.

Промени нема да има кај третата смена и таа ќе почнува од 22 часот.

– Бидејќи во периодот од 11 до 17 часот нема да имаме екипи во централното градско подрачје за изнесување на садовите со смет, кои екипи работеа 24 часа, би сакале да апелираме до граѓаните што е можно повеќе да се воздржуваат од фрлање на смет во садовите коишто се поставени на јавно прометните површини во овој период, апелира дирекрото Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)

Екипите, додава тој, ќе работат интензивно во останатиот дел од денот и нема да се дозволи формирање на застои при изнесување на сметот.

Никола Ивановски