Поради нападот врз Луковиќ, Работнички казнет со 67 илјади денари и два меча без публика

Сподели со своите пријатели

Два меча без публика ќе остане салата на Работнички, а клубот ќе мора да плати казна од 67.000 денари поари инцидентите кои се случија на натпреварот со КК Куманово.

Loading...

Имено пред самиот почеток на последната четвртина, тренерот на КК Куманово, Љубисав Луковиќ поради нанесена повреда во предлот на окото од страна на моента која долетела од трибините не беше мо можност да го води клубот во текот на натпреварот.

Во моментите кога требало да започне 4 четвртина, од страна каде беше сместена навивачката група на домашната екипа долета тврд предмет (монета) при што бил удрен тренерот на гостите Луковиќ Љ. Тренерот на гостите се упатил кон средината на теренот а потоа и кон трибината на гостинските навивачи но истиот бил вратен од страна на играчот на домашната екипа Мираковски Д. По кратка интервенција тренерот бил повлечен во подтрибинскиот простор. На интервенција на првиот судија и делегатот бил повикан Комесарот за безбедност на домашната екипа од кој било побарано да се качи публиката на домашната екипа два реда погоре и да се постави редарска служба помеѓу навивачите и оградата над кошот. Во тие моменти пристигнал и Командирот на полициска станица Карпош кому од страна на делегатот му било пренесена истата констатација. Додека траел прекинот делегатот без судиите се повлекол кон соблекувалните каде биле тренерот на гостите кому во тие моменти му се укажувала лекарска помош поради оток под окото и делегатот побарал одговор дали истиот ќе продолжи со натпреварот.

Добил одговор дека тренерот Луковиќ Љ. не е во можност да продолжи со водење на екипата на натпреварот и заминал на лекарска интервенција надвор од спортската сала. Отако се вратил на теренот делегатот на првиот судија му ја пренесол констатацијата дека е повреден тренерот на гостите под левото око поради највројатно удар со тврд предмет, и треба да донесат одлука што понатаму. Судијата на тоа одговорил дека натпреварот мора да се одигра и истиот не е за да се повлечат од теренот за да не створеле поголема тензија и да ја испразнат трибината во тие моменти бидејќи тоа би било долг процес, туку пред публиката на домашната екипа мора да се постави редарска служба и натпреварот мора да се доигра од кога ќе се створат услови. После интервенција на командирот на ПС Карпош публиката била качена два реда погоре и биле поставени неколку редари. Откако се створиле минимални услови кои биле побарани во тие моменти, гостите усмено се сложиле дека ќе продолжат со натпреварот и натпреварот продолжил, а екипата продолжил да ја води помошниот тренер Тодоровиќ Страшо.

За време на прекинот помеѓу 3 и 4 четвртина упатени навредливи пораки кон МКФ од страна на домашната навивачка група и службените лица. Натпреварот организиран со низа на пропусти т.е. недоволен број на редарска служба иако домашната екипа имала најава дека на натпреварот ќе присуствува и гостинската навивачка група. Максимална ангажираност на Комесарот за безбедност на домаќините согласно ресурсите со кои располагаше на натпреварот. Забелешка дека во иднина при организација на натпревар на истите екипи требало да се обезбеди и поголем број на припадници на МВР од специјалните единици поради тензичноста на случувањата од страна на навивачките групи“ – се вели во делегатскиот извештај за натпреварот.

Врз основа на сите овие информации, Комесарот за натпреварување донесе одлука следните две средби во „Градски парк“ да останат без публика, а Работнички ќе добие казна во вкупен износ од 67 илјади денари, од кои 40.000 за фрлање тврди предмети, 10.000 за плукање и национално навивање, 5.000 денари за неспортско навивање, како и 2.000 денари за слаба редарска служба.

Извор: екипа.мк