Поради болест Аријана Гранде ја прекина турнејата

Сподели со своите пријатели

Американската поп-пејачка Ариана Гранде мораше да ја прекине турнејата „Sweetener“ со цел да се посвети на своето здравје откако некое време чувствувала тегоби.

Loading...

Таа на Инстаграм објави дека е болна, а на фановите им открила дека доживува остра болка уште од настапот во Лондон.

Популарната пејачка рече „дека гласот ѝ звучи добро, но дека не може да дише на сцената поради болеста, па и тогаш се сомневала дали ќе може да продолжи со концертните активности. Таа рече дека денес нејзината состојба се влошила и дека ќе мора да се откаже настапот во Лексингтон, Кентаки“.

Таа призна „дека болеста без дијагностицирање е ужасно чувство, но дека не може да голта или да ја крене главата“.

Иако сè уште не е сигурна што ги предизвика нејзините здравствени проблеми, таа им вети на обожавателите дека ќе контактира со нив „веднаш штом открие што се случува со нејзиното тело“.

Leave a Reply