Попуштаат жештините – денес температурa до максимални 34 степени

Сподели со своите пријатели

Во поголемиот дел од земјава, денес ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Во северните делови и на планините попладне ќе настапи умерена локална облачност.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 27 до 34 степени.

Стабилно ќе биде и во среда, но во четврток поради продор на постуден воздух од север, температурата ќе биде во опаѓање, а во попладневните часови ќе има локален дожд со ретки грмежи.