Попладне нестабилност со пороен дожд, грмежи и ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 18 до 26 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време, со услови за нестабилност во попладневните часови проследени со грмотевици и врнежи. Максималната дневна температура ќе достигне 20 степени.

Утре ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда. Потоа во наредните два дена во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply