Полска ќе распореди ПВО систем границата со Украина

Сподели со своите пријатели

Полска денеска ја прифати понудата на Германија да ја зајакне својата противвоздушна одбрана со системот „Патриот“, а полските власти планираат да го распоредат на границата со Украина, соопшти денеска полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

Loading...

„Со задоволство ја прифатив понудата на германскиот министер за одбрана за распоредување на системот Патриот во нашата земја. Ќе предложам системот да биде распореден на границата со Украина“, објави на Твитер полскиот министер за одбрана.

Покрај „Патриот“, Германија ѝ нуди на Полска и нејзините борбени авиони да помогнат во патролирањето на воздушниот простор над Полска.

Полска го избра американскиот систем за противвоздушна одбрана Патриот уште во 2015 година како основа на својот систем за противракетна одбрана со среден дострел, Висла, а договорот за купување на првите две батерии во вредност од 4,75 милијарди долари беше потпишан во април 2018 година, додека подоцна потпиша договор за уште шест батерии кои ќе бидат испорачани до крајот на следната година.

Понудата на Германија дојде како реакција на падот на ракета, според достапните докази на истрагата за украинската воздушна одбрана, на селото Пшеводов во близина на границата со Украина во вторникот минатата недела, кога загинаа две лица.

Полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки предупредија за таа трагедија дека Полска, како земја на НАТО блиску до фронтот, мора да земе предвид дека може да има уште такви несреќи, како што го нарекоа падот на ракетата, а Генералштабот на полската армија предупреди дека никаде противвоздушната одбрана не покрива 100 отсто од територијата на една земја за да може да спречи таков инцидент.

Самите Полјаци, како и нивните функционери и НАТО, покажуваат разбирање за Украина, имајќи предвид дека тој ден руските сили извршија масовно бомбардирање на цели во Украина, а исто така и на западот на таа земја во близина на полските граници.

Според најновото истражување за „Џенџик газета права“, 70 отсто од анкетираните Полјаци сметаат дека трагедијата нема да влијае на односите меѓу Полска и Украина.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.