Полицискиот час денеска почнува во 16 часот

Сподели со своите пријатели

Во 16 часот денеска ќе започне полицискиот час, како мерка на ограничување на движењето на населението.

Loading...

Ограничувањето важи за територијата на целата држава и тоа до 5 часот следниот ден. Истата ќе се применува и во текот на утрешниот ден, согласно последната одлуката на Владата.

Право на движење ќе имаат земјоделците, производители на раноградинарски култури со дозвола која ќе ја добијат од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарсво и водостопанство.

Сите работници кои во периодот на полицискиот час треба да одат на работа, можат да ги користат истите дозволи кои им се издадени претходно од работодавачите за движење по 21 часот или компаниите да им извадат нови.

Работниците ќе имаат право да се движат само од местото на живеење до работното место.

За сите останати е забрането движењето од 16 до 5 часот, освен за новинарите, полициските службеници и војници вклучени во регулирањето на оваа мерка, општинските кризни штабови и сл.

На сила и натаму остануваат мерките за Куманово, меѓу кои забраната за јавен градски и меѓуградски превоз, со исклучок на компаниите кои организираат превоз за работниците, но притоа треба да се придржуваат до правилата за растојание и капацитетот на автобусот да биде на 50 отсто.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply