Полицијата затекнала кумановец како оштетува паркиран автомобил

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен рано утринава откако од полициски службеници бил затекнат како оштетува автомобил.

Loading...

– На 16.05.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(25) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи, тој бил затекнат на булеварот „ Трета македонска ударна бригада“ како врши оштетување на паркирано патничко моторно возило.

По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка физички нападната на градскиот плоштад