Полицијата во чудо: На снимка од бурно небо забележано НЛО? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата на Западна Австралија целосно ја збуни бизарна снимка од безбедносна камера, направена за време на бура која во недела се појавила кај местото Брум на северозападот од земјата.

Loading...

Камерата снимила молњи на небото, за да во еден момент на снимката, во горниот лев агол од екранот, се појави мистериозен летечки објект.

„Неидентификуваниот летечки објект“ лебдел неколку секунди, за да потоа исчезне од кадарот. Снимката на НЛО предизвика голем број разновидни коментари на социјалните мрежи.

И додека некои не биле бозвудени дека станува збор за вонземско летало, другите тврделе дека овој пат дефинитивно добиле потврда дека „малите зелени“ постојат, пренесува Њузхаб.

Тие се сомнителни, кои секогаш бараат причина во се, претпоставиле дека е во прашање одсјај од светло од објектив на кемра или рефлексија на фар од автомобил, кој во тоа време поминувал на тоа место.

https://twitter.com/BroomePol/status/1097000085920014337

Leave a Reply