Полицијата откри марихуана во автомобил во кој било и 15-годишно момче

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 23.30 часот на наплатната станица „Желино“ полициски службеници сопреле патничко возило „Форд Ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (20), а како сопатници биле Д.М.(18), А.П.(19) и еден 15-годишник, сите од Куманово.

По извршениот преглед, под предното совозачко седиште била пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана. Лицата се однесени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

фото: архива

Leave a Reply