Полицијата лани не открила точење алкохол на малолетници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Куманово изминатата година нема регистрирано никакви пријави по однос на точење алкохолни пијалаци на малолетници.

Loading...

Ова денеска го истакна советничката Слаѓана Георгиевска, кога го анализираше извештајот на Полициската станица од Општа надлежност Куманово.

– Внимателно го разгледав вашиот извештај што го имате доставено до советот се гледа дека имате миниманлно намалување на криминалот, сообраќајните незгоди  и пријавите нарушувањето од јавниот ред и мир во Општина Куманово. Ме интересира, од кривичните дела против бракот семејството и младите тука има регистирано 10 кривични дела, од кои 8 за пуштање на малолетни и малтретирање, нема точење на алкохолни пијалаци на малолетници, рече Георгиевска.

Зорица Вукановиќ, командир на Полициска станица од Општа Надлежност Куманово, вели дека во 2018 година биле откриени четири дела точење алкохолни пијалаци на малолетници, па со оглед на ригорозните контроли тогаш, не биле откриени во 2019та.

– Во 2018 година има 4 кривични дела октриени точење алкохолни пијалаци на малолетници и од наша страна. И во текот на 2019 година се извршени неколку контроли на угостителски објекти во соработка со УЈП и Државниот пазарен испекторат и констатирани се други прекршоци како неносење на лична карта,  присуство на малолетно лице по 24 часот, но бидејќи во  текот на 2018 година преземени се поригорозни мерки и високи казни против угопстителите од тие причини најверојатно е подигната свесна и не се откриени такви кривични дела, рече Вукановиќ.

Во областа на имотни деликти има регистирано 629 случаи, од кои позитивно решени 249.

Никола Ивановски

Leave a Reply