Полицијата ги скршила вратата и доживеала хорор: Мртов маж лежел со 125 змии (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маж од Мериленд е пронајден мртов во својата куќа, опкружен со повеќе од 125 змии, соопшти полицијата на таа американска држава.

Loading...

49-годишен маж, чиј идентитет не се соопштува, живеел сам и изолиран, а полицијата дошла откако сосед пријавил дека не го видел со денови.

Полицајците ја скршиле вратата и внатре пронашле страшна глетка.

Телото на човекот лежело на подот, а околу него лазеле 125 змии од различни видови.

Повеќе од нив биле отровни, пренесува „Њујорк пост“.

Соседите не знаеле дека овој човек чува опасни влекачи во куќата, а полицијата на округот Чарлс работи со здруженијата за заштита на животните за да најде решение за змиите кои сега се бездомници.

Засега не е соопштена причината за смртта на мажот.

 

Loading...