Полета најголемиот патнички авион (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најголемиот авион со двоен мотори досега направен од страна на Боинг 777X го направи својот прв успешен лет.

Loading...

Успешниот тест донесе добра вест за американската компанија „Боинг“, која се обидува да го санира својот имиџ по минатогодишната авионска несреќа во која загинаа 346 патници, поради што беше приземјен и 737 MAX.

Зошто авионите се во бела боја? Постои добра причина!

Двомоторниот авион полета од аеродромот во близина на Сиетл, а летот траеше четири часа.

Два пробни лета беа откажани претходно оваа недела, поради лошото време.

Потребно е авионот да помине уште неколку тестови пред да биде преземен од авиокомпанијата „Емирати“ следната година, јавува Анадолија.

Мистерија стара 74 години: Како пет американски авиони исчезнаа во Бермудскиот триаголник? (ВИДЕО)

Авионот, чиј распон на крилјата е 71,6 метри, е малку подолга верзија на успешниот 777 мини-џамбо на Боинг.

Loading...

Патничкиот авион требаше да биде лансиран оваа година, но планот беше одложен поради технички тешкотии.

Боинг 777 X чини 422,2 милиони долари и може да прими 426 патници.

Leave a Reply