Зошто авионите се во бела боја? Постои добра причина!

Сподели со своите пријатели

Тоа е една од оние работи за кои навистина не размислуваме, нешто што е едноставно такво какво што е. Сепак, постои причина зошто.

Loading...

Изборот на боја на авионите е многу логичен, како што пренесува Reader Digest, Бизнис инсајдер го истражувал од научна страна со помош на Hон Хансман, професор по аеронаутика и астронаутика на МИТ.

„Главната причина зошто авионите се обоени бело или светло е да ја рефлектираат сончевата светлина и да го сведат на минимум затоплувањето, како и потенцијалното оштетување од сончевата светлина“, вели Хансман.

Ова им помага на авиокомпаниите да ги намалат трошоците за ладење на кабината, но во исто време служи за заштита на одредени делови од авионите што се подложни на оштетување од прегревање.

Хансман објаснува дека „носот“ на авионот конкретно бара температурна предност затоа што е направен главно од композитен материјал (обично пластичен).

Овој дел не може да биде изработен од метал, како трупот на авион, затоа што носи радар и мора да биде од материјал што ќе испушти сигнал со цел уредот да работи добро.

Покрај тоа, една студија од 2011 година објавена во списанието „Human-Wildlife Interactions“ покажа дека белата боја на авионот ги одвраќа птиците бидејќи посвелтиот труп подобро се гледа во однос на небото од птичја перспектива.

Според Њу Дејли њуз, птиците што се „судираат“ со авиони им прават штета од околу 600 милиони долари секоја година.

Loading...

Leave a Reply