Поддршка за чистење на одводните канали и речните корита преку Програмата за рурален развој

Сподели со своите пријатели

Екипите на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ го чистат одводниот канал во село Романовце во должина од еден километар.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изјави дека значајно е да се решават тековните проблеми и да се чистат каналите и коритата, за да нема проблеми во наредниот период. Тој рече дека годинава Министерството дало поддршка на подружниците на Акционерското друштво „Водостопанство“, вклучително и на кумановската подружница.

– И во делот на обезбедување механизација беше направена една јавна набавка која не беше платена и со околу милион евра издвоени средства оваа година, Програмата за рурален развој во делот на инвестиции во водостопанството беше платена целокупно набавената механизација на Акционерското друштво којашто се користи од страна на подружниците, изјави Николовски.

 

Loading...

 

Владата, посочи тој, неколкупати донесе одлука за потребните средства за нафта и останатите потреби.

– Состојбата на АД Водостопанство кое е формирано од претходната Влада е во состојба која не е одржлива и постојано ја дискутираме, рече министерот.

Додаде дека заедно со ЕУ во наредниот период ќе се најдат долгорочни решенија во делот на трансформацијата и подобрувањето на состојба на претпријатието преку изнаоѓање модел којшто ќе биде во функција и на граѓаните и на земјоделците.

Во овој период, посочи Николовски, преку Програмата за рурален развој се обидуваат да најдат средства и во делот на поддршката за чистење на одводните канали и во делот на речните корита. Успешниот модел, нагласи Николовски, фукнционира и во другите општини во источна Македонија, во Кочанско, Струмица. Чистењето на каналите и продлабочувањето и чистењето на речните корита, нагласи министерот е значајно од повеќе аспкети и во заштитата на земјоделските култури, обезбедување вода, заштита од поплави.

Николовски информираше дека на синоќешната седница на Економскиот совет кај премиерот биле дефинирани клучни приоритети на кои е фокусирано министерството. Рече дека во минатото парите за крупните проекти за водостопстантвсото не се реализирале и се трансферирале за други намени.

– Крупните капитални инвестиции кои со години стоеја, со години немаше проекти, немаше завршено постапки за експропријација, постапки низ институциите за добивање одобренија за градби, сите овие средства кои во изминативе години биле предвидувани за капитални инвестиции во делот на водостопанството, на крајот од годината биле трансферирани во сосема други проекти. И минатата година мораше да се платат заостанати долгови од проектот „Скопје 2014“ , конкретно со пет милиони евра од самото министерство од оваа програма, поради тоа што сите постапки кои ги затековме не можеа да започна со реализација, изјави министерот.

 

Оваа година, додаде тој, почнаа со реализација најкрупните проекти во историјата на водостопанството, нагласувајќи ги 40 милиони евра за браната Конско во Гевгелија. Министерот за земјоделство најави дека премиерот Заев кон крајот на месецов ќе го означи почетокот на работите на системот за наводнување на системот Равен – Речица, за кој, како што рече, пред две недели е добиено одобрение за градење.

– Тоа е систем за наводнување којшто ќе чини околу 16-17 милиони евра, парите веќе се обезбедени. Заврши тендерот за постапката, за втората фаза за јужновардарска долина, за околу 2.300 хектари, систем за наводнување во овој дел од Македонија, проект кој исто така е значаен и за кој веќе избираме изведувач и за кој до крајот на септември исто така ќе започнат работите и уште неколку крупни проекти коишто ги дефиниравме вчера како наши приоритети за кои веќе ја комплетираме постапката, изјави Николовски.

Значајно, според него, е да се реализираат и капиталните инвестиции од Програмата за рурален развој, преку поддршката што ја добиваат од Владата и пронаоѓање нов концепт на функционирање на АД Водостопанство.

Подружницата „Водостопанство кумановско-липковско поле“ во изминатиот период исчисти 5.600 метри канали и речни корита во поширокиот регион.

Leave a Reply