Почнаа преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан

Сподели со своите пријатели

Преговорите меѓу претставниците на Ерменците во Карабах и претставниците на Баку започнаа во Јевлах.

Loading...

Ден претходно, во средата, беше постигнат договор за прекин на „антитерористичката операција“ во Нагорно Карабах, што подразбира дека вооружените формации од областа го полагаат оружјето, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

Договорот беше да се запре офанзивата и руските мировници да помогнат во извлекувањето на разоружената карабашка војска од територијата на Нагорно Карабах.

Исто така, како што е наведено, ќе бидат разоружани сите воени и вооружени формации на Нагорно Карабах и ќе бидат предадени сета воена опрема и оружје.

Карабах е населен исклучиво со Ерменци – тој е единственото место во Азербејџан од 1991 година каде што живеат Ерменци.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските мировници продолжуваат да помагаат во „евакуацијата на населението“ од воените зони во Карабах.

Неколку илјади луѓе веќе заминаа во Ерменија придружувани од руски мировници.