Почина Ниметула Абдула, клучниот сведот во случајот „Диво насеље“

Сподели со своите пријатели

Починал Ниметула Абдулаи, еден од сведоците за таканаречената „Кумановска група“, јавуваат дел од медиумите вечерва. Според Алсат-М, Абдулаи починал вчера во доцните вечерни часови, а имал проблеми со срцето.

Иако непознат за јавноста, името на Ниметула Абдулаи беше едeн од агентите на УБК споменати во судските рочишта за случајот „Диво Насеље.” Обвинетите бараа тој да биде повикан како сведок, но барањето на одбраната не беше прифатено.

Некои од жителите на Отља, каде живеел Абдулаи, го обвинувале дека ги предал соселаните Рагми Љатифи и Мусадик Пајазити.

Во моментот се работи на расчистување на околностите под кои починал.

Извор: Мета.мк