Почина Бата Живоиновиќ, великанот на балканската кинематографија

Сподели со своите пријатели

На осумдесет и двегодишна возраст почина легендарниот актер, великан на југословенската и балканската кинематографија, Велимир Бата Живоиновиќ вчеравечер во 22:45 часот во белградската болница „Свети Сава“.

Почина вчеравечер околу 23 часот во сон од здружената група болести што ги имаше – дијабетес, анемија, бубрежна инсуфинциенција, срцева слабост со компликации и со затнување на речиси сите крвни садови. Штом раната на ампутираната нога почна да му заздравува, тој од Дедиње беше префрлен кај нас. Се будеше одвреме0навреме, но беше во многу лоша состојба. Беше на трансфузии и на сериозни антибиотици поради евентуална инфекција на раната. Причини за смртта се гангрена, срцева слабост и основната болест – дијабетес, вели извор од болницата за порталот Телеграф.рс.

Телото на Бата Живојиновиќ сè уште е во болничките комори и сега е потребно да се заврши целата документација со семејството за негово преземање. На легендарниот актер, поради гангрена, на 6 мај му беше ампутирана левата потколеница, а своите последни денови од животот ги помина во болница.

Живоиновиќ одигра најмногу улоги во целиот регион, а во светот е познат по неговата улога во филмот „Валтер го брани Сараево“, кој стана мегапопуларен во Кина. Познати се и неговите улоги во поголем број серии и филмови на југословенската кинематографија, но и современата српска филмска уметност.