Побаран притвор за Катица Јанева

Сподели со своите пријатели

По денешното приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во нејзиниот дом во Козле, обвинителството на прес конференција соопшти дека истата се сомничи за злоупотреба на службена положба и се бара мерка притвора за истата.

Loading...

Ваквата информација на прес конференција ја соопшти републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и обвинителката против организиран криминал и корупција Вилма Рускоска која го води случајот Рекет.

За себе и други лица, Јанева прибавила значителна имотна корист, рече Јовески.

Надлежните органи вршат претреси во домот на Јанева во Козле, а од нејзината канцеларија во СЈО е одземен нејзиниот службен компјутер.

Leave a Reply