По исчезнувањето, Асанж повторно активен на Твитер

Сподели со своите пријатели

Официјалниот Твитер профил на контроверзниот основач на „Викиликс“ Џулијан Асанж, повторно е онлајн откако изчезна од платформата на оваа социјална мрежа преку ноќ. Нејасно е дали Твитер го суспендирал неговиот профил или тој самиот го деактивирал.

Додека профилот беше офлајн, сите кои се обидоа да ја посетат неговата страна добиваа известување од Твитер дека е во прашање грешка.

https://twitter.com/JulianAssange/status/945303512430333952?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F2922334-ponovo-se-oglasava-proradio-tviter-nalog-dzulijana-asanza

Loading...

Официјалниот профил на „Викиликс“ на Твитер беше во функција, но на него немаше информации за профилот на Асанж. Од друг профи, за кој се тврди дека исто така е негов, пристигна известување дека Твитер го избришал профилот на Асанж затоа што тој подготвува да објави нова „блокбастер“ приказна.

Засега нема потврда дали навистина Асанж е сопственик на алтернативниот профил, кој нешто подоцна беше суспендиран од Твитер.