По банкротот на компанијата овој авион го претвориле во хотел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Џамбостеј“ се наоѓа на аеродромот „Арланда“ во Стокхолм од 2009 година. Авионот е направен во 1976 година, а последен пат го користел шведскиот авиопревозник „Трансџет“, кој банкротирал во 2002 година. Нов сопственик е Оскар Диос кој го претворил ов Боинг 747 во хотел.

Loading...

Авионот има 33 соби и 76 кревети. Гостите можат да бираат помеѓу соби со мотори, сместени под крилото, „апартмани“ во кокпитот и еднокреветни соби во стилот на хостелите.

Резевирањето соби ви дава екслузивен пристап во ВИП салон. Оргиналните авионски седишта и натаму се на своите места, како и бар и контролен панел над креветот.

Персоналот се нарекуваат стјуарди и носат соодветни униформи, пренесува Бизнис инсајдер.

Leave a Reply