По 9 месеци Мелбурн излезе од локдаун: Сите отрчаа на фризер, пиво и базен

Сподели со своите пријатели

Жителите на Мелбурн денеска во раните утрински часови се собраа во градските пабови, ресторани и фризерски салони, бидејќи градот со најдолгиот „локдаун“во светот излезе од последната серија ограничувања поради сузбивањето на ширењето на Ковид-19.

Loading...

Вториот по големина град во Австралија помина 262 дена, скоро девет месеци, под строги ограничувања од март 2020 година, што е најдолгото заклучување за кој било град во светот.

Граѓаните на Мелбурн славеа и аплаудираа од балконот, додека автомобилите постојано трубеана минута до полноќ, кога престанаа да важат рестрикциите кои беа на сила од почетокот на август.

Многу места, вклучително и продавници за храна, па дури и фризерски салони, се отворени во необични времиња.

Нешто повеќе од 70 отсто од возрасните граѓани на Австралија сега се целосно вакцинирани, а многу жители планираат повторно да летаат во странство бидејќи меѓународните гранични ограничувања почнуваат да се намалуваат од ноември.

Австралија има регистрирано 152.000 случаи на коронавирус и 1.590 смртни случаи од почетокот на пандемијата.