По 2001-ва Меѓународната кризна група повторно го вклучи алармот за Македонија

Сподели со своите пријатели

Македонија се најде во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и Сирија, откако Маѓународната кризна група ја смести државата меѓу земјите кои се на раб на некаков конфликт и каде состојбата се влошува.

Политичката криза која кулминира по одлуката на Иванов за аболиција, но и можниот бојкот на зиборите, секојдневните протести, смртта на Коста Крпач кој беше пронајден со прострелна рана во градите се само дел од работите кои се ставени во извештајот на Меѓународната кризна група.

Политичката криза се влоши, што предизвика опсежни критики внатре во земјата, но и од меѓународната заедница, како и повеќедневни протести, додека опозицисиот Социјалдемократски сојуз на 6 април објави дека ќе ги бојкотира предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни поради тоа што не се спроведени реформи во медиумите и не е прочистен Избирачкиот список, како и поради одлуката на претседателот Иванов од 12 април за аболиција на политичари кои се соочуваат со кривична истрага, со што се поткопува работата на Специјалното јавно обвинителство кое се занимава со истрага на обвинувањата за нелегално прислушување.  Демонстрантите на 13 април ја демолираа канцеларијата на Претседателот.

Претседателот на Парламентот на 14 април го потврди 5 јуни како датум за избори, што уште повеќе ги поттикна протестите кои се проширија и во други градови. ЕУ ги откажа планираните преговори за кризата на 22 април откако опозицијата го услови учеството со одложување на изборите и со повлекување на одлуката за аболиција. Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева на 14 април изјави дека нејзиниот тим истражители ќе продолжи со работа, објавувавјќи нов случај. Сведок на СЈО на 27 април беше пронајден мртов во својот дом. Невладината организација Фридом Хаус ги опиша медиумите во Македонија дека не се слободни, истакнувбаат од Меѓународната кризна група.

Инаку ова е втор пат Република Македонија да се најде на оваа листа, прв пат тоа беше во 2001-ва година за време на воениот конфликт.