Пливањето три пати неделно го јакне срцевиот мускул

Сподели со своите пријатели

Високите температури ве мамат на освежување, но не мамат и да водиме сметка за своето здравје, а особено за срцето. За да го зајакнете, нема подобро, поделотворно, поевтино и позабавно решение од пливањето.

Loading...

Овој спорт, кој ги ангажира сите групи мускули, во лето на сите ни е лесно достапен, а сега е вистинско време да го воведеме во својата неделна рутина и да ја направиме најдобрата работа која можеме за срцето.

Имено, според истражувањето на Универзитетот во Мадрид, спроведено на 2.200 испитаници од двата пола и различни возрасти и здравствени состојби, пливање од само 45 минути три пати неделно го јакне срцевиот мускул.

Не кој начин? Така што додека пливаме, срцето побрзо пумпа крв со помош на срцевиот мускул, што ја зголемува циркулацијат ана крв, а таа пак благотворно делува на здравјето на целокупниот организам, а особено кардиоваскуларниот систем.

Значи, со многу мал напор и скоро без ризик од повреди, што е предност на пливањето во однос на други спортови, правите многу за вашето срце.

Притиоа со пливањето можат да се занимаваат дури и лица со срцеви заболувања, само што во тој случај треба да бодат грижа да не дозволат преголемо заморување.

Посбен бенефит е фактот дека пливањето делува растеретувачки на психата, така што го намалува нивото на кортизол кое предизвикува стрес, а истовремено се ослободува хормон на среќа ендорфин, што исто така допринесува срцето да биде во добра состојба.

Сето ова важи независно од тоа кој стил на пливање ќе го изберете, само е важно да постои котинуитет, затоа на есен продолжете да го посетувате базенот.

Loading...

Leave a Reply