Платила билет од 46 фунти, па сама летала во авионот за Грција

Сподели со своите пријатели

Жена платила 46 фнти за Грција и добила цел авион само за себе од 189 седишта.

Карон Грив патувала од Глазгов до Крит со авио-компанијата „Jet2“, а кога резервирала лет и било кажано дека со неа ќе патуваат уште две лица на тој лет, меѓутоа, на самиот ден на летот, тие двајца не се појавиле, така да со бесплатен оброк добила и право да си избере место во авионот.

Еве што се случува со фекалиите во авионските тоалети (видео)

Loading...

Пилотот и упатил и порака која била наменета само за неа, односно и се обратил по име и идал информации за тоа над која од земјите летаат.

По слетувањето на Крит, Карон не морала да чека за багажот, па го презела коферот директно од авионот.

– Екипажот ми доаѓаше и ми рекоа да ги повикам ако нешто ми треба. Дури добив и бесплатне оброк кој беше одличен. Имав простор само за себе. Беше толку мирно, се шегувавме на таа сметка, рекла таа.

Авионот на иднината: Истовремено пијте вино, гледајте ТВ и набљудувајте го небото (фото+видео)

Инаку истиот авион се вратил со пополнетите 189 седишта.

Карон ужива во едномесечниот одмор на Крит и работи на својот нов роман.