Жанг Веи, 36-годишен писател од пекинг кој се збогатил на интернет, во јули годинава престојувал во луксузен хотел во швајцарскиот Сент Мориц, каде во барот чаша виски од само 20 милилитри ја платил 10.000 швајцарски франци или околу 8.600 евра.
Откако веста за неверојатната цена на овој популарне штоктски алкохолен пијалок завршила во бројни медиуми, експертите се посомневале во веродостоноста на висикот, а се испоставило дека се во право. Имено, експертите на бјавените фотографии забележале неправилности на чепот од плутата и етикетата од спорната флаша од која Кинезите точеле алкохол.
Loading...
Сомнителното виски веднаш било испратено на анализа во шкотскиот Дунфермилин. Со посебен тест било утврдено дека алкохолниот пијалок бил произведен во период од 1970 и 1972 година, иако во швајцарскиот хотел се презентирало и продавало како многу постаро. Дополнителни тестови покажале дека вискиот не било чисто туку во него имало 60% слад и 40% житарици, а шишето било оценето како целосно безвредно за било какво сериозно колекционирање.
World's most expensive dram of Scotch was a fake https://t.co/o61p3846tS
— BBC News (UK) (@BBCNews) November 2, 2017
Кинескиот богаташ Жанг Веи тврди дека вискито му го наточиле од штотуку отворено шише кое наводно датира од 1878 година. Таквото шише на пазарот денес би имало вредност од околу 300.000 швајцарски франци.
– Немавме претстава дек шишето и пијалокот се лажни. Мојот татко го купил тоа виски пред 25 години кога работел како менаџер на хотелот. Нашиот уважен гост од Кина силно сакаше да го проба токму тој пијалок, иако тоа не беше на продажба. Го повикав татко ми, кој заклучил дека таков купувач нема да имаме барем уште 20 години и одлучивме да го отвориме шишето, изјавил менаџерот на хотелот, Сандро Бернаскони.
Дали е можно: Испи два литри „Jack Daniels“ за 55 секунди (видео)
Откако дознал за измамата, лично се извинил на Жанг и му ги вратил сите пари кои кинескиот писател ги издвоил за пијалокот. Таа цена моментално е светски рекорд кога е во прашање плаќање на една чаша шкотско виски.
– Имаше добар вкус. На крајот на краиштата, пробаш историја, а за тоа се исплати да дадеш пари, напишал кинескиот богаташ на својот блог пред да дознае дека вискито е „лажно“.